Мирен протест на отпуштените од кампот „Винојуг“ во Гевгелија

Од:

Ромите кои по осум месеци работа во Транзитниот прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија биле отпуштени, денеска повторно одржаа мирен протест пред кампот, порачувајќи дека нема да се откажат и дека остануваат во него.

– Се собравме повторно да изразиме револт и незадоволство од нашата министерка која вчера на вести не нарекуваше како ние да не постоиме, а ние овде работиме осум месеци и ја одржуваме хигиената на високо ниво, рече Гушев Филип, еден од отпуштените во кампот „Винојуг“ во Гевгелија.

Побара министерката за труд и социјална политика Фросина Ташевска Ременски да седне со нив да разговара и да се најде решение за овој проблем.

Според Гушев сега проблем се средствата, кои досега ги плаќал УНХЦР, а сега тие се префрлаат во Министерството за труд и социјална политика.

Вкупно 44 вработени во кампот „Винјуг“ веќе неколку дена протестираат, со барање како што кажаа, да добијат одговор зошто не е најдено решение за тие да бидат вратени на работа, иако станува збор за лица кои се обучени, вакцинирани и работеле во кампот од почетокот на неговото поставување. Тие, како што велат, биле најзаслужни за високото ниво на хигиената додека во него дневно минувале и по 15 илјади луѓе.

Би можело да ве интересира

Притвор за седуммина уапсени во Ужице, адвокатите ја прекинаа работата

Десетици илјади луѓе се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа

Вучиќ: Вечерва очекуваме обид за насилство, но државата е подготвена

Денеска во Белград протест на студенти кои блокираат, властите апелираат за мир

Горан Наумовски

Полицијата во Лас Вегас го прогласи протестот за нелегален и им нареди на граѓаните да се разотидат

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење