Мирчески во Зрновци: Фер избори за Македонија да тргне напред

Од:

„Претседателот на комисијата за животна средина на СДСМ, Пеце Мирчески, придружуван од претседателот на комисијата за транспорт и врски Благој Бочварски, денеска се помеѓу жителите од Видовиште и Мородвис, општина Зрновци.

На средбите се разговараше за проблемите од секојдневниот живот на граѓаните и актуелната политичка состојба.

Mirceski2

Во малите општини како оваа ем не осиромашија ем не поделуија на ваши и наши. Постојано сме цел на закани кога нема да се согласиме со погрешните владини политики и локални политики на ВМРО-ДПМНЕ. Потребни се промени – се пожалија граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

„Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и сега создаваат раздор на политичка и етничка основа за да си ја спасат сопствената кожа. Но тоа веќе не им поминува. Граѓаните се свесни дека треба да создадеме едно сложно, толерантно општество. Затоа еден од 5-те столба во програмата на СДСМ естабилна и единствена Македонија, едно општество за сите, истакна Мирчески.

Mirceski3

Мирчески зборуваше и за актуелните случувања и периодот кој предстои“, се вели во соопштението.

– Продолжуваме да се бориме за фер и демократски избори. Впрочем, тоа е единственото решение за да одиме напред. По прочистувањето на избирачкиот список и реформите во медиумите одиме на победа и враќање на нашата заедничка Македонија на вистинскиот пат. Промените се случуваат и нема отстапување, нема враќање назад – констатираше Мирчески.

Mirceski6

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он

(ВИДЕО) Наумоски: Договорот за Михаилова е само еден случај од многуте – одговорност од Тошковски затоа што никој не одговара!

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски, а граѓаните гледаат театар наместо одговорност за бегството на Михајлова

Горан Наумовски

СДСМ: Клековски се прави како да не е од тука, Ива Михаилова избега зашто Тошковски ја пушти, Муцински договори, а Мицкоски одобри

Горан Наумовски