(ВИДЕО) Мирческа: Зошто некој сакал да го сокрие исчезнувањето на 17-годишното девојче од Домот за деца без родители?

Од:

„За само еден месец имаме втор скандалозен случај со штитеници од дом за деца без родители, кoj што министерството за труд и социјала се обидува да го сoкрие од јавноста.

Седумнаесет годишно девојче скоро 4 месеци било исчезнато од Домот за деца без родители „11 Октомври“, а службите пред два дена пријавиле во МВР дека е исчезнато.

Зошто некој сакал да го сокрие исчезнувањето на седумнаесет годишното девојче од Домот за деца без родители?“, прашува Јована Мирческа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали министерката Мила Царовска е запознаена што се случува низ институциите на министерството и дали некој воопшто се грижи за штитениците од домовите?

Што треба да се случи за Мила Царовска да ја признае неспособноста, да се извини и да го препушти местото на некој што ќе знае да ја врши функцијата?

Пред само еден месец 13 годишно малолетно девојче забремени откако била сексуално злоставувана и малтретирана, а никој не сноси никаква одговорност за истиот грозоморен чин. После тоа слушнавме за дете кое шест месеци било исчезнато и пронајдено на скопските улици.

Уште колку малолетни штитеници треба да исчезнат или да бидат малтретирани и злоставувани, за конечно да профункционираат институциите на системот?

Додека Мила Царовска молчи, граѓаните очекуваат одговори, но и одговорност.

Одговорност од министерката Мила Царовска мора да има. Најмалку што може да направи е да си поднесе оставка поради неспособноста да ја води институцијата“, изјави Јована Мирческа.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела