Сервисот за проверка на записи во базата на вработени во јавниот сектор, која ја води.Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), денеска е официјално пуштен во употреба, соопшти Министерството кое на 12 февруари објави дека заклучно со тој ден вкупно 127.139 лица се вработени во институциите на јавниот сектор.
– Секој вработен во која било институција на јавниот сектор, освен вработените во Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана и Агенцијата за разузнавање, за кои согласно со закон МИОА не води евиденција, туку само вкупен број на вработени, може да пристапи на веб-локацијата https://proverkaregistar.hrm.gov.mk, да го внесе својот матичен број и безбедносниот код и да провери дали за него се води евиденција во базата на вработени во јавниот сектор, информира МИОА.
Целта на сервисот, наведува МИОА во соопштението, е транспарентно и отчетно работење на Министерството, зголемување на довербата на јавноста во ефикасноста и ажурноста на Министерството да обезбеди точни податоци за бројот на вработени во јавниот сектор, како и отстранување на сите сомнежи и шпекулации за вкупниот број вработени во јавниот сектор.