МИОА: Реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, со воведувањето на антикризни мери, незаконски го укина правото на финансиски додаток на кариера на вработените во јавната администрација.

Ова непочитување на Законот за државни службеници, било единствено на штета на вработените.

Со доаѓањето на слободата и почитување на правата и законите, сите вработени на кои незаконски им беше скратено правото на финансиски додаток, ја тужат државата.

Овие судски процеси значат дека државата покрај сумата за исплаќање на незаконски укинатите средства, треба да покрие високи суми за судски и адвокатски трошоци.

Кога ќе се направи споредба помеѓу 2016та и 2017та година јасно е за што станува збор. Имено, во 2016та година имало 186 активни предмети и 3.790.752,00 денари, за адвокатски трошоци.
Во 2017та година, таа бројка изнесува 722 активни предмети, и 5.172.090,00 денари, за адвокатски трошоци.

Со цел да се укаже дека нема потреба, од овие дополнителни трошоци на грбот на товар на државата и на штета на граѓаните, со информација на Влада, ги задолживме институциите во вонсудска постапка да се спогодат за незаконски неисплатените средства од претходната влада.

На тој начин вработените ќе го добијат финансискиот додаток, што противзаконски им бил оневозможен и ќе се спречи понатамошното оштетување на Буџетот на РМ“, се вели во соопштението на Министерството за информатично општество и администрација.

Во прилог детална табела за направените трошоци по однос на ова прашање во 2016-та и 2017-та година.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела