Минов: Со закон ќе се отпишуваат камати за долгови за неплатена сметка за комунални услуги

Од:

Предлог закон за отпишување на камати за наплата на долгови што произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабловски оператори, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште вчера до Собранието поднеле пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, партијата ГРОМ и партии од парламентарното мнозинство.

– Се работи за нов закон со кој што основната цел на истиот е отпишувањето на каматите на граѓаните кои се во неповолна ситуација како должници по основ на услуги од вршители на комунални дејности како што се електрична енергија, топлинска енергија, вода, смет, телефонија, мобилни оператори, трошоци за редовно одржување на заеднички делови на зграда што се во етажна сопственост и за услуги кои се дават на корисници на вода од страна на вршителот на водостопанска дејност односно наводнување и одводнување, рече на денешната прес-конференција пратеникот на Коалицијата „За подобра Македонија“ Панчо Минов.

Согласно законските решенија за долгови стари и по една деценија за кои граѓаните воопшто не знаеле, како што посочи тој, сега се наплатуваат десеткратно повисоки суми од страна на извршителите.

– Досега не постоеше начин како да се заштитат граѓаните. Станува збор за илјадници предмети кои стоеле во судовите. Најмногу се тужени за парично побарување по фактури за услуги од вршители на комунални дејности и за услуги кои се дават на корисници на вода од страна на вршителот на водостопанска дејност, рече Минов.

Тој нагласи дека од незначителен долг за ненаплатена сметка за комунални услуги, по многу години поминати од добиената услуга добиват огромни сметки во кои е вклучена и самата камата.

– Доверителите правни лица го искористија овој период на штета на граѓаните и во своите парични побарувања за комунални услуги и услуги кои се дават на корисниците вода од страна на вршителот на водостопанска дејност согласно законските прописи не по нивна вина им доспеаја превисоки камати и трошоци на извршување на комуналните долгови, додаде Минов.

Преку овој закон што е на иницијатива на опозицијата, а наиде на поддршка и од парламентарното мнозинство, како што рече тој, како пратеници односно претставници на граѓаните имаат обврска да работат единствено во интерес на граѓаните на Република Македонија.

– Токму затоа сметаме дека ова законско решение ќе ги реши проблемите на илјадници граѓани кои се соочуваат со ваков тип на долгови, повторно ќе споменам не по нивна вина, вели Минов.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање