Мињон: Бојкотот и политиката на празна столица не е добра политика

Од:

Претседателот на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) Жан-Клод Мињон смета дека „бојкотот и политиката на празна столица не е добра политика“. Тој за време на посетата на Грција разговарал со највисоките грчки претставници за проблемот со името, кој го нарече „халуцинирачки“.

Oсврнувајќи се на инцидентите во македонскиот Парламент и бојкотот на неговата работа од страна на  опозицијата Жан-Клод Мињон истакна дека честопати Советот на Европа се соочувал со слични проблеми во неговите земји-членки, како Албанија или Молдова.

– Бојкотот и политиката на празна столица не е добра политика. Ние само можеме да ја охрабриме опозицијата од Парламентот, да го почитува мандатот кој и беше доверен од народот на земјата да заседава во него и да си врши својата парламентарна работа, нагласи претседателот на ПССЕ.

Според него, ако се покаже потреба за случајот со Македонија, ПССЕ може да го употреби истиот метод кој го користеше за случаите кога имаше бојкот на парламентите во Албанија и Молдава.

ПССЕ во моментов работи на завршувањето на извештајот за постмониторинг дијалогот со Македонија, кој наскоро треба да се најде на дневен ред на Собранието. Последните случувања во земјата најверојатно ќе влијаат во финалната верзија, велат наши извори од Стразбур. Значењето на овај извештај е дотолку поголем, бидејќи тој во добар дел ја инспирира Европската комисија за политичкиот дел на извештајот за напредокот на земјата.

Во текот на неговата изјава, која ја пренесува Дојче Веле, Жан-Клод Мињон се воздржа да го употреби името „Република Македонија“, бидејќи последниот пат кога го направи тоа имаше остри реакции од страна на грчките претставници во Стразбур.

– Ќе се воздржам да ја наречам, како што вие ја нарековте, бидејќи секогаш кога ќе интервенирам и зборувам за оваа поранешна југословенска република, се изложувам на соопштенија за јавноста кои велат дека тоа значи признавање. Можам само да речам дека еден ден треба да пронајдеме име за оваа поранешна југословенска република, рече Мињон.

При неговата неодамнешна посета на Грција, тој разговарал за прашањето со името на Република Македонија со највисоките претставници на грчката држава.

– Од нив побарав да се реши проблемот со поранешната југословенска република, рече тој.

Притоа Мињон додаде дека разговорите кои ги водел со сите негови соговорници биле охрабрувачки.

– Не би рекол дека се охрабрувачки и за поранешната југословенска република, која ја викаме Македонија, но имам надеж дека ќе има напредок во таа насока. Не знам дали добро ја именував земјата – Поранешна југословенска република Македонија“. За нас оваа ситуација е халуцинирачка да се расправаме за вакви прашања, кога имаме многу поголеми проблеми со кои се соочуваме, како на пример на Блискиот Исток и во Африка, заврши Жан-Клод Мињон.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески