Министрите на Алтернатива разрешени по десетдневна дебата во Собранието

Од:

Министерот за здравство, Беким Сали, министерот без ресор за дијаспора Џемаил Чупи и министерот за информатичко општество и администрација Алдмирим Алити, сите од Алтернатива се разрешени од функциите по десетдневна жестока дебата во Собранието, а истите треба да бидат заменети со кадри од новиот коалициски партнер на СДСМ, Алијанса за Албанците.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави долг процес на поединечно разгледување на новите предлози од премиерот Димитар Ковачевски кој не пропушти ден лично да присуствува на расправата за разрешување на министрите на Алтернатива.

– Зошто го правите ова од синоќа после полноќ. Влезени сте во планот да има тензии и намерно ја водите седницата кон инцидент. Цела Влада е дојдена да разрешува колеги кои вчера биле дел од нив. Не го кршете Деловникот, вие сакате да ги поклопите пратеничките прашања, но нема да успеете – рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Разрешувањето на министрите почна на 13 февруари. Според најавите во текот на следниот викенд ќе биде завршена реконструкцијата на Владата.

Претходно Собранието ги констатираше оставките на министрите за правда и за животна средина, Никола Тупанчевски и Насер Нуредини.

До министерските промени доаѓа откако на владиното мнозинство им се приклучи партијата Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари, а досегашниот коалициски партнер партијата Алтернатива одлучи да ја напушти Владата.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година

Милошоски: Измени на Кривичниот законик за намалување на ризиците поврзани со членството во СЕПА

(ВИДЕО) Опозицијата го критикува вториот ребаланс на Буџетот: Висок дефицит и намалени капитални инвестиции

Законот за јавни набавки повторно во Собранието, поднесени 2.158 амандмани

Катерина Ѓуровски

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска