Министерството за здравство реагира на прес конференцијата на Анреј Петров од СДСМ кој обвини дека од јануари до април долговите на Јавните здравствени установи пораснале од 25 на 30 милиони евра.
Во реакција пишува дека обвинувањето е смислено сценарио на СДСМ со цел да се девалвираат активностите што ги презема Владата во здравството.
„Во интерес на објективно информирање на јавноста, Министерството информира дека за подобрување на условите на пациентите, во континуитет се преземаат низа активности, а непобитен е и фактот дека пациентите добиваат врвни услуги за лекување, се подобрија исто така и условите во кои лекарите работат, не само преку новите и реконструираните здравствени установи, туку и преку новата апаратура која беше донесена во истите.
Сето тоа придонесува за врвно здравство за сите граѓани на нашата земја зашто станува збор за апаратура од најнова технологија и нешто што е последен производ на медицинскиот пазар“, пишува во соопштенито на Министерството за здравство.