Министерството за здравство потпиша договор за имплементација на иновации со министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија

Од:

Во Виена, Република Австрија, денеска беше потпишан заеднички договор за имплементација на австриските искуства во областа на иновации во медицината меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија.

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, истакна дека со овој договор Министерството за здравство се приближува кон европските практики и искуства.

-Имавме можност со Министерството за транспорт, иновација и технологија на Австрија да потпишеме договор, кој ќе претставува основа за развој на модерни и иновативни технологии во медицината и приближување на нашата земја кон најдобрите практики од Европската Унија, изјави министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

Хрват избоде двајца Авганистанци во Линц, едниот почина

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски