Министерството за здравство ја објави листата на 100 најдобро рангирани доктори

Од:

Министерството за здравство ја објави листата на 100 најдобро рангирани доктори во јавните здравствени установи, согласно критериумите од проектот за плаќање по успешност со цел валоризирање на работата на оние кои најмногу се залагаат во работењето на ЈЗУ.

Како што соопшти Министерството, станува збор за најдобро рангираните 100 доктори за месец февруари од универзитетските клиники, специјални, клинички и општи болници во државата кои со покажаните резултати во работењето претставуваат движечка сила во своите институции и се успешни професионалци кои секојдневно со својот ангажман посветено придонесуваат за обезбедување што подобри и поквалитетни здравствени услуги за пациентите и воопшто за унапредување на здравствениот систем во Македонија.

Сите наградени доктори, како што се наведува, стануваат дел од „Клуб 100-најдобри доктори“, добиваат парична награда од 30.000 денари и истовремено имаат право на вршење дополнителна дејност во матичната институција каде работат, како и во останатите јавни здравствени установи.

Изборот е направен според воспоставени критериуми, како што се остварениот учинок во февруари, бројот на извршени интервенции, типот на извршени интервенции, реализирани обуки и слично.

Првите 10 најдобро рангирани доктори-специјалисти, согласно критериумите од проектот за плаќање по успешност се: д-р Гордана Оранска од Клиниката по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, проф. д-р Владимир Поповски од Клиниката за максилофацијална хирургија, д-р Игор Пеев од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија, д-р Емилија Влашки од Клиниката за детски болести, Слободан Дамјановски од Клиниката за неврохирургија, д-р Билјана Кузмановска од Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар, д-р Магадалена Генадиева Димитрова од Клиниката за гастроентерохепатологија, д-р Сузана Николовска од Клиниката за дерматовенерологија, д-р Јасмин Циривири од Градска општа болница „8 Септември“, д-р Сашо Ценов од Клиничка болница-Штип.

Би можело да ве интересира

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски

Таравари: До крајот на годината решение ќе земат 1.100 вработени по договор на дело во здравството

Поголеми плати во здравство, потпишан Анекс на Колективниот договор