Министерството за труд и социјална политика ќе адаптира детски игралишта за деца со попреченост

Од:

Министерството за труд и социјална политика ќе адаптира постоечки детски игралишта на територијата на Општина Центар за да бидат достапни и за децата со попреченост. Овие активности се со цел за подигнување на свеста во општеството и учење на различностите од најрана возраст.

Адаптирањето подразбира оформување на простор со реквизити кои би биле достапни и за децата со инвалидитет, што на овие дечиња ќе им обезбеди безбедно да си играат, социјализираат и ќе им се овозможи поттикнувачка средина за правилен раст и развој.

Реализацијата на овој проект е во партнерство со Националниот Сојуз на лица со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност Македонија“ и Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец