Министерството за правда треба да го соопшти составот на работната група за уставни измени

Од:

Министерството за правда се очекува денеска да го соопшти составот на работната група за измени на Уставот. Рокот што им беше даден од Министерството за правда на институциите и политичките партии во дописот за номинирање свој претставник во работната група истече на полноќ.

Засега се знае дека претседателот на државата во работната група ќе го претставува професорот од Правниот факултет Александар Спасов, кој е негов правен советник.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, кажа дека Секретаријатот за европски прашања активно ќе учествува во работната група, но до вчера попладне не беше соопштено името на претставникот кој ќе биде вклучен во работната група за уставни измени. Во работната група експерт требаше да номинира и Министерството за надворешни работи.

СДСМ соопшти дека во работната група нив ќе ги претставува Цветанка Иванова, актуелна генерална секретарка на Собранието и поранешна пратеничка, Демократската унија за интеграција, пратеникот Арбр Адеми, Алијанса за Албанците пратеникот Ремзи Мехмеди, а свој претставник најави дека ќе делегира и Беса.

ВМРО-ДПМНЕ, Алтернатива, Левица, СПМ и Демократски сојуз информираа дека нема да учествуваат во работната група.

Би можело да ве интересира

Министерство за правда: За Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка