ВИДЕО: Министерството за правда се уште не добило одговор од Унгарија за екстрадицијата на Груевски

Од:

Македонското Министерство за правда се уште нема добиено одговор во врска со барањето за екстрадиција на избеганиот поранешен премир Никола Груевски од надлежното министерство во Унгарија, информираше денеска министерката за правда Рената Тренеска Десковска.

-Сепак, оние пристојни рокови за одгвоор не се изминати. Ќе почекаме, доколку не добиеме во роковите, ќе пуштиме ургенција. Тоа се стандардни процедури коишто се спроведуваат. Сакам да напоменам дека досега во ниту еден случај Унгарија не одбила да екстрадира ниедно лице. Последната екстрадиција беше во септември оваа година и немавме никаква забелешка ниту за водење на судски постапки, ниту за состојба на затворите ниту дека постои некој ризик во Република Македонија. Се надевам дека согласно на својата пракса Унгарија ќе треба да одговори и на овој случај, рече министерката на попладневната прес-конференција со премиерот Зоран Заев на која беше промовиран нов закон за намалување на казните за прекршоци.

Поранешниот премиер Никола Груевски, избега во Унгарија, каде доби политички азил, пред отслужувањето на двегодишната затворска казна за случајот „Тенк“ за набавка на луксузен мерцедес.

Би можело да ве интересира

Унгарците насилно го инјектирале Украинецот кој транспортираше десетици милиони евра и злато

Орбан: Украинците се способни да го оштетат сопствениот нафтовод

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

Седум деца исчезнаа во близина на границата со Србија, најмладото има само две години

Унгарскиот парламент усвои предлог-резолуција со која се отфрла членството на Украина во ЕУ

А1он

Маѓар: Ја повикувам Русија да се воздржи од влијание врз унгарските избори

А1он