Министерството за одбрана го ограничува бројот на средби со странки за заштита од коронавирусот

Од:

Министерството за одбрана донесе одлука да го сведе бројот на средби со странки на минимум, поради што го ограничува бројот на средби со странки, а комуникацијата ќе се одвива телефонски, преку меил или со видео конференциска врска.

Одлуката, како што информираат од Министерството за одбрана, е донесена за да се елиминира секоја можност од ширење на корона вирусот.

Сите што имаат потреба за контакт со Министерството за одбрана, тоа можат да го направат на следните меил адреси и телефонски броеви:

[email protected] 02 328-2539

[email protected] 02 328-2535

Доколку е неопходно да се одржи состанок со странки за да тече непречено работата на министерството, состанокот ќе биде организиран преку видео-конференциска врска, информираат од Министерството за одбрана.

Од министерството апелираат до сите соработници да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе владата и да сториме се да го спречиме ширењето на вирусот КОВИД 19 во државата.

Би можело да ве интересира

Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО

Мисајловски: Посветено ќе работам за да бидеме горди на својата Армија

Министерството на одбрана до избор на нова влада ќе го води Тирон Јајага

Катерина Ѓуровски

Лосос, фаширана шницла и тулумби за Армијата: Министерството ќе плати шест милиони евра за ручеци

A1on

СОБ: Пратениците да го донесат законот за вработените во Министерството за одбрана

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата