Министерството за одбрана до ВМРО-ДПМНЕ: Ако толку сте загрижени за одбраната, гласајте го новиот закон

Од:

„По принципот „држете го крадецот” оние кои што беа прогласени за шампиони во партизацијата на сите нивоа, вклучително и на Армијата, денес се сликаат пред Министерството за одбрана и изнесуваат апсурдни наводи, па уште нарекувајќи ги изјави или прес-конференции. А зошто? Затоа што можеби го нарушивме принципот од нивно време едни исти луѓе да одат во Авганистан преземајќи ги на тој начин ризиците но и убавата заработка? Некој ваш не отишол? Најдлабоко ви се извинувам. Што, најпосле воспоставивме фер и праведен принцип за селектирање на учесници во нашите мисии, притоа почитувајќи ги процедурите.

ВМРО-ДПМНЕ најдете си друга тема. На пример, ако толку сте загрижени за одбраната, гласајте го новиот закон. Ете шанса да го покажете вашиот патриотизам. Овој закон не е за министерката Шекеринска, туку е за Армијата, за нашата одбрана, за хармонизација со НАТО. Или како и за НАТО, ќе чекате ние да ја завршиме работата, па потоа ќе се приклучите кон славењето.

Не ги чепкајте војниците, не ги ставајте во вашата валкана кампања. Бидете доследни барем сега кога ги поправаме вашите бесмислени и коруптивни политики“, се вели во реакцијата од Министерството за одбрана и од министерката Радмила Шекеринска на изјавата на Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник