Министерството за култура го осуди оштетувањето на Музејот на албанската азбука

Од:

Министерството за култура го осуди оштетувањето на националната установа Музеј на албанската азбука во Битола и очекува сторителите бргу да бидат најдени.

– Министерството за култура најостро го осудува вандалскиот чин со кој рано изутринава непознати сторители оштетија дел од музејската поставка во НУ Музеј на албанската азбука во Битола, во кој е сместен дел од културната историја на албанскиот народ во Република Македонија. Убедени сме дека сторителите набргу ќе бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, стои во реакцијата на Министерството за култура.

Според Билтенот на МВР, денеска во 4.30 часот во СВР-Битола било пријавено дека непознат сторител ноќеска искршил повеќе стакла во Музејот, а потоа се оддалечил од местото на настанот.

Музејот на албанската азбука во Битола е сместен во објект во кој во 1908 година се одржал познатиот Битолски конгрес на кој група албански интелектуалци ја создале и унифицирале денешната албанска азбука.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Илија Пенушлиски

„Матица“ ја заокружува иницијативата „Подари книга, подари свет“ со голема донација за Македонците во Албанија

Морган Фримен за Доналд Трамп: Не можам да разберам како осуден криминалец може да биде претседател

Предраг Петровиќ

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски