Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Од:

Министерството за здравство ги демантира тврдењата дека ќе има одложување на донесувањето и спроведувањето на законот за заштита од пушење и најавува дека следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата. Фазноста, велат од МЗ, се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени, бидејќи, како што нагласуваат целта е институциите, угостителите, и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка.

– Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. Во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата, велат од МЗ.

Потенцираат дека овие усогласувања не ја менуваат суштината на законот, као и дека целите остануваат јасни и непроменети – спречување на започнување со пушење кај младите и создавање генерации без никотинска зависност, заштита на работниците и граѓаните од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории.

-Во однос на наводите за „фазна имплементација“, појаснуваме дека тоа не значи одложување на неговата имплементација по усвојувањето во Собранието. Законот ќе стапи на сила по неговото донесување согласно законските рокови. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени. Целта е институциите, угостителите, и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка, а културата на почитување на правилата да се изгради одржливо на долг рок, појаснуваат од Министерството за здравство.

Посочуваат дека како институција остануваат отворени за комуникација и навремено информирање на јавноста за секој следен чекор од процесот.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Македонското здравство сака да ја земе титулата на Швеѓаните – Алиу ќе намалел 300 илјади пушачи за само две до три години?!

Катерина Ѓуровски

Кафеаните ќе мора да имаа посебни влезови за непушачите, Законот на 24 март на седница на Влада

„Крај на пушењето?“: Европа треба да избере иновации наместо рестрикции

Научници ѝ се спротивставија на ЕУ: „Не ги мешајте цигарите со алтернативните производи“

Различни модели во борбата против пушењето: од алтернативи до забрани