Кафеаните ќе мора да имаа посебни влезови за непушачите, Законот на 24 март на седница на Влада

Од:

Предлог-законот за заштита од пушење во вторник ќе биде на седница на Влада, а потоа ќе биде процесиран во Собрание. Сметам дека за еден, максимум еден и пол месец, законот ќе биде процесиран. Немаме ниедна отворена точка што не е завршена. Имавме неколку состаноци со сите заинтересирани страни, ги анализиравме сите забелешки и од научна гледна точка и од економски, инфраструктурен, социјален и здравствен аспект и со задоволство може да кажам дека сите отворени прашања се затворени – истакна денеска министерот за здравство, Азир Алиу.

Посочи дека нема прашање што не е третирано, а е поврзано со законот.

– Ценам дека многу бргу нашата земја ќе биде препознаена и во Европа и во светот. Се надевам дека за две-три години ќе имаме прес-конференција за намалување на бројот на пушачи во државата од над 45 проценти, да се надеваме таргетот да се стави под 20 проценти – рече Алиу одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата, на која беа презентирани податоци од глобалниот извештај за 2025 година на Меѓуагенциската група на ОН за процена на смртноста кај децата.

Направивме, појасни министерот, научна анализа како може и кои се минималните и максималните услови за да може просторот да се третира како простор за пушење или простор во кој не се дозволува пушење.

– Дојдовме до заклучок и од научната фела и од експертите во здравството дека со две отворени страни просторот, терасите, може да бидат места каде што може да се пуши. Само во Скопје има над седум илјади угостители што имаат тераси. Во Скопје голем број угостителски објекти се со таква инфраструктура што невозможно е да имаат три отворени страни. Затоа ставивме во законот да може и покривот да биде отворен бидејќи се докажа дека со третирање и на покривот како една од страните што може да биде отворена воздухот се чисти за неколку секунди. Еден од најголемите инфраструктурни зафати што треба да ги имаат сите угостители според законот е што ќе мора да направат влез во самиот угостителски објект кој е одвоен од просторот во кој се пуши. Идејата е да се заштитат граѓаните што не пушат, а да се одреди место каде што може да се пуши – додаде

Би можело да ве интересира

Алиу: Заштитата на здравјето е приоритет, законот против штетите од тутунот помина во прво читање

Горан Наумовски

Предлог-законот за ограничување на употребата на тутун помина во Комисијата за здравство

Горан Наумовски

Рестрикциите за никотински производи предизвикаа побуна кај Европејците – „Ќе не вратите на цигари“, „Не’ оставате на банди“…

Алиу: Законот за тутун ги штити децата и непушачите

Горан Наумовски

Алтернативните производи, како што се никотинските ќесички, го забрзуваат намалувањето на стапката на пушење

Кој ќе ја пополни дупката? Законот за пушење подготвува милионски минус во буџетот

А1он