Министерство за здравство: Внимателно изложување на повисоките температури

Од:

Министерството за здравство препорача да се внимава со изложување на најавените високи температури кои, како што соопшти, може да имаат последици по здравјето кај некои лица.

– Се препорачува граѓаните да бидат внимателни, имајќи предвид дека изложеноста на повисоки температури, без претходна постепена адаптација, создава чувство на поинтензивна топлина слична на онаа во летните месеци и може да предизвика здравствени проблеми кај некои лица. Воедно, се препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, соопшти Министерството за здравство.

Според информации од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре се очекуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината на подрачјето на целата држава, освен во преспанско-охридскиот и во осоговско-малешевскиот регион, каде температурите се вообичаени за овој период.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски