Министерство за здравство: Валиден е позитивниот тест на градоначалникот Пецаков

Од:

Министерството за здравство попладнево на барање на „А1он“ извести дека од двата теста на градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, како важечки се смета оној на кој добил позитивен резултат. Градоначалникот Пецаков на 19 јануари, утрото се тестирал, а попладнето добил позитивен резултат. Се посомневал во точноста оти немал никакви симптоми, тестирањето било за зимување во Бугарија, па тестот го повторил два дена подоцна, на 21 јануари кога добил негативен резултат.

„Секогаш кога има различни резултати од тестови се зема предвид позитивниот тест и согласно епидемиолошката анкета и анамнеза, лицето добива решение за изолација одреден број денови“, изјавија од Министерството за здравство.

Од таму нагласуваат дека нашата држава ги следи и применува препораките од Светската здравствена организација и во однос на ваквите случаи. Во дневната статистика на новодијагностицирани пациенти, како позитивни се евидентираат исклучиво лицата кои се тестирани во една од лиценцираните лаборатории кај нас и секој позитивен резултат Институтот за јавно здравје го идентификува како новодијагностициран пациент.

На прашањето дали ќе побараат одговорност од лабораторијата за различните резултати и дали го истражуваат случајот со градоначалникот Пецаков, од Министерството посочуваат дека деталите треба да се бараат од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

„Во Државниот санитарен и здравствен инспекторат во тек е постапка за расчистување на случајот со тестирањето на градоначалникот. Ќе известиме кога ќе заврши постапката“, вели директорката на Инспекторатот Иринка Сотирова – Бухова.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе се изјасни дека градоначалникот не ги почитувал протоколите со тоа што не се самоизолирал по тестирањето на 19 јануари како што предвидува Уредбата од април 2020 година, која истата година во октомври стана дел од Законот за заштитна на населението од заразни болести. Законот пропишува лицата по тестирање да се самоизолираат до добивање на резултат по што следи решение за изолација доколку резултатот е позитивен.

Би можело да ве интересира

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Апасиев му „честиташе“ на новиот спикер: Рипката пушти ја во езероно, нек ја фатит Пецак зш многу местит тендери

Петковски: Нов скандал, Пецаков набавува препарати од алги за 24.000 евра од донатор на ДПМНЕ

Кузеска: Пецаков доделил пари на клуб во којшто е основач, нов скандал со градоначалниците на ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски