Министерство за здравство: Уништивме сомнителен инсулин од паралелен увоз набавен во времето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори пред граѓаните зошто набавувало сомнителен инсулин за граѓаните, а не да манипулира на сметка на здравјето на пациентите, реагираат од Министерството за здравство на прес-конференцијата на Марија Андоновска од ВМРО-ДМНЕ.

Од таму информираат дека уништувањето на инсулинот е од стоковите резерви и станува збор за инсулин набавен со паралелен увоз во време на ВМРО-ДПМНЕ, а неговото отстранување е направено со одлука на Владата на Република Северна Македонија. Нема да дозволиме нашите граѓани да користат сомнителен инсулин.

„Уништениот инсулин од паралелен увоз е вреден 330 илјади евра, а не еден ипол милион евра како што говорат во нивната прес-конференција.

Еден од најголемите проблеми во здравството во владеењето на претходната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше набавката на лекови со паралелен увоз и сомнителен квалитет.

Владата на Република Северна Македонија направи суштински реформи во здравствениот систем. Со донесените измени и дополнувања на Законот за лекови и медицински средства, сега сите пациенти со дијабетес имаат оригинални инсулини со сертификат за квалитет.

Пациентите користат квалитетни и оригинални инсулини. Не е како порано пациентите да не знаат каков инсулин примаат.

Прашајте ги пациентите дали беа задоволни од инсулините од паралелен увоз со сомнителен квалитет и потекло. И прашајте ги сега, колку се задоволни од новите инсулини кои се оригирални.

Воведовме три нови типови на инсулини, кои се најнова генерација на лекови.

Со укинувањето на паралелниот увоз на лекови го загарантиравме квалитетот на инсулин и пациентите со дијабетес имаат најквалитетна терапија и во континуитет се снабдени со инсулин во соодветни рокови и со подобар квалитет.

Апелираме до ВМРО-ДПМНЕ да престане да креира лажни вести и преку манипулации да собира дневно политички поени.“, се наведува во реакцијата на Министерството.

Би можело да ве интересира

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови

МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, 18 се во критична состојба

А1он

Верификацијата на телефоните за „Мој термин“ е еднократна објаснува Министерството

Катерина Ѓуровски

МЗ: Забрана за посети на хоспитализирани пациенти и носење заштитни маски во здравствените установи

А1он

МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија

А1он