(ВИДЕО) Андоновска: Има докази дека власта уништила инсулин вреден еден ипол милион евра со валиден рок на траење

Од:

Аферата уништување на инсулин со валиден рок продолжува, овој пат и со документи. Владата и надлежните институции молчат после вчерашната прес-конференција на која јавно обзнанивме дека постојат индиции дека се уништени 1,2 тони инсулин од кои огромен дел, односно половина тон биле со валиден рок, рече Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција.

„Внимавајте се работи за уништување на инсулин чиј рок истекува дури после половина година и чија вредност е 1,5 милиони евра.

Нивниот молк гласно потврдува дека употребливиот инсулин наместо кај пациентите завршил уништен на 5 декември пред два дена, иако вредноста според пазарните цени му изнесува 1,5 милиони евра. Ова само ги потврдува сомнежите дека здравствените власти веќе набавен и платен со народни пари, инсулин со валиден рок на употреба од светски познатиот производител го уништила за да создаде основа за распишување на нов тендер.

За ваквиот скандал постојат и документи. Фатени се во скандал на дело.

До нас беа доставени соодветни документи без било каква назнака за доверливост, во кои се содржани сите овие информации, и кои бараме Министерството за здравство да ги потврди или негира.

Од документите со кои располагаме јасно се гледа дека половина тон од инсулинот кој е уништен има валиден рок до средината на наредната година.

Дали Агенцијата за лекови и медицински средства до Агенцијата за стокови резерви доставила одобрение за уништување на споменатата количина инсулин, со архивски прием на 18 ноември 2019 година?

Дали целата оваа операција за уништување на инсулин со валиден рок и со вредност од 1,5 милиони евра била одобрена со одлука на Влада на седница одржана на 22 октомври 2019 година?

Со право се сомневаме дека ако се потврди ова уништување на инсулин вреден 1,5 милиони евра тогаш целта е создавање на вештачка криза која потоа ќе биде менаџирана со брз увоз од страна на фирма блиска до власта.

Зошто здравствените институции во надлежност на Венко Филипче уништиле 1,5 милиони евра вреден инсулин и дали ако тоа се потврди некој ќе сноси било каква одговорност?

Дали претворањето на милионски вреден инсулин со валиден рок во отпад граѓаните повторно ќе треба да го плаќаат со народни пари?

Знаејќи дека досега Министерството за здравство е извор на корупциски скандали во минатото, сериозно сме загрижени дека и ова е нова милионска афера повторно поврзана со работата на Венко Филипче. Сме се нагледале како веледрогерии блиски до власта добивале милионски тендери користејќи ја судбината на пациентите, а на грбот на граѓаните или пак доделување на тендери на фирми кои биле отворени неколку дена пред јавниот повик или за кои се водат кривични постапки. Молкот на институциите, на Владата, на Филипче и на Министерството за здравство покажува дека имаме огромна афера Инсулин.“, наведе Андоновска.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ немаат план ниту визија, со нив нема членство во ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја фрли државата во хаос, ова не е Македонија која ја сака народот

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Сексистички навреди кон Силјановска на митингот во Куманово, Пендаровски се смее