Министерство за здравство: Починатите бебиња се од високоризични бремености

Од:

Четирите починати новороденчиња од 21 септември на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје биле од високоризични бремености завршени со предвремено породување и имале ниска родилна тежина, утврдила стручна комисија. Министерството за здравство соопшти дека сите овие ризик-фактори го отежнуваат преживувањето на новородените деца и ја зголемуваат стапката на морбидитет и морталитет.

– Врз основа на разгледаната медицинска документација и разговорите со здравствените работници од страна на Комисијата се констатира дека е постапено во согласност со предвидените медицински протоколи, соодветен третман пред породувањето, правилна индикација за оперативно завршување на предвремено започнато породување, запазени анестезиолошки процедури, успешно спроведена примарна стабилизација на новородените, како и соодветно спроведена постнатална интензивна нега и терапија, се наведува во соопштението.

Минатиот четврток на Клиниката за гинекологија и акушерство починаа четири новороденчиња – две машки и две женски. Едното машко новороденче е родено со екстремно мала тежина, женското новороденче е од мајка која имала хипертензија и инфекција, додека второто машко новороденче е од ризична бременост. Другото женско бебе е прематурно родено кое престојувало на одделот 37 дена на механичка вентилација и за цело време било во исклучителна тешка општа состојба.

Во соопштението се додава дека Министерството за здравство во моментот е фокусирано на изготвување посебна стратегија со дефинирање конкретни мерки и активности за унапредување на гинеколошката здравствена заштита на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, како и во сите породилишта во државата.

Би можело да ве интересира

ГАК со нов лик: Завршена реконструкцијата, над 4.000 бебиња родени годинава

Комисијата утврди: Реанимацијата на починатото новороденче на ГАК била спроведена по протокол

ГАК: Нема физички повреди кај новороденчето, смртта настапила поради незрелост на белите дробови

Горан Наумовски

Левица: Прикриената смрт на новороденчето на ГАК аларм за колапс на здравството

Горан Наумовски

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски