Министерство за здравство: Случајот со починатото девојче од слепо црево не е пријавен

Од:

Министерството за здравство со писмено соопштение реагираше на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во врска со информацијата дека наводно, пред два дена на Клинички центар е однесено 25-26 годишно девојче, кое по кратка евалуација е пуштено дома и истото попладне починува од пукнато слепо црево и труење на крвта, информираме:

До овој момент, ниту во Министерството за здравство, ниту во Државниот санитарен и здравствен инспекторат не е пријавен ваков случај или пациент.

Ако постои ваков случај, а не е пријавен од страна на семејството, ги замолуваме и ги повикуваме на состанок во Министерството, со цел средба со претставници од МЗ и ДСЗИ.

Ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ како партија веднаш да достават документација, проследена со неопходни информации за случајот кој го споменуваат, до Министерството за здравство и до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, во спротивно сметаме дека станува збор само за грубо манипулирање на јавноста“ се вели во соопштението на министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски