Министерство за здравство: Пушењето најголем ризик фактор за рак на бели дробови

Од:

По повод 4 Февруари – Светскиот ден за борба против ракот, Министерството за здравство (МЗ) и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) потсетуваат дека пушењето претставува ризик фактор за малигни заболувања, а посебно за рак на бели дробови. Токму според податоците на ИЈЗ водечка причина за смрт во државава во 2023 и 2024 година се малигните неоплазми на бронхиите и белите дробови.

- Употребата на тутун е водечка причина за рак кој може да се спречи. Статистичките податоци покажуваат дека вкупниот број на починати лица од малигни неоплазми на бронхии и бели дробови во 2024 година изнесува 860, од кои бројот на мажи е поголем, во однос на бројот на жени. Откажувањето од пушење значително го продолжува животниот век и квалитетот на животот, и токму на Светскиот ден за борба против ракот, уште еднаш апелираме на важноста од донесување на новиот предлог-закон за заштита од пушењето, со цел заштита на здравјето на сите граѓани, појаснува министерот за здравство, Азир Алиу.

Покрај употребата на тутун, други ризик фактори за малигни заболувања се и прекумерна дебелина, употреба на алкохол, недоволна физичка активност, неправилна исхрана.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, вкупниот број починати лица од малигни неоплазми во 2024 година изнесува 3.958, од кои 2.325 се мажи, а 1.633 се жени. Во истата година, бројот на починати од неоплазми на возраст над 65 години е речиси двојно поголем од бројот на починати до 64-годишна возраст.

Би можело да ве интересира

Откажувањето од цигари кај жените е потешко, науката открива дека никотинските ќесички го помагаат процесот на откажување

Со забраната за никотински ќесички стагнира стапката на пушење – Шведска го стори спротивното и успеа

Горан Наумовски

Клековски: Законот за пушење ќе биде најпрогресивен, потребна е масовна поддршка

„Крај на пушењето?“: Европа треба да избере иновации наместо рестрикции

Научници ѝ се спротивставија на ЕУ: „Не ги мешајте цигарите со алтернативните производи“

Различни модели во борбата против пушењето: од алтернативи до забрани