Министерство за здравство: Деструктивноста и лагите на СДСМ продолжуваат

Од:

СДСМ нема кредибилитет да зборува за здравството кое го остави без опрема или со опрема за во антикварница. И понатаму, како и во времето од 2002 – 2006 година одработува за веледрогериите. Партијата што опстанува со креирање кризи, креира и замислени кризи. Измислува и намерно лаже кога вели дека нема инсулин. Измислува и лаже дека нема вакцина БСЖ на Клиника за гинекологија. Инсулин има, има и вакцина БСЖ.

Вака реагира Министерството за здравство (МЗ) по денешната изјава на Дејан Гацов од СДСМ.

СДСМ, додава МЗ, остави систем во кој за зрачна терапија се чекаше една година или пациентите одеа во Грција, систем со прескапи лекови и со, како што наведува, огромни заработки за нивните пријатели од веледрогериите, систем во кој човечиња по ходници продаваа стентови, систем во кој инвестираа нула денари во здравствена инфраструктура, систем со скапани лади за брза помош и скапи ѓердани.

– СДСМ нека продолжи со својата деструктивна политика, а ние ќе продолжиме со набавка на опрема, изградба и реконструкција на болници, намалување на цени на лекови, набавка на нови амбулантни возила, унапредување на Државната и Детската кардиохирургија, и се она што е потребно за подобро здравство и подобра здравствена услуга за пациентите во Република Македонија, стои во реакцијата на Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот