Министерство за здравство: Бројката на заболени и излекувани од Ковид-19 е исклучително охрабрувачка

Од:

Министерството за здравство информира дека согласно последните трендови во однос на заболените и излекуваните од коронавирус бројките се исклучително охрабрувачки.

„Кривата на излекувани пациенти стрмо расте додека бројот на активни случаеви има одличен пад.
Денешните податоци покажуваат дека имаме само 5 нови случаи од вкупно 249 тестирања што претставува стапка од 2% позитивни од сите направени тестови во едно деноноќие. Бројот на пациенти кои имаат индикација за тест исто така значително опаѓа и со тоа опаѓа и бројот на направени тестови“, велат од Министерството.

Според информациите од приватните лаборатории, стои во соопштението, барањата за тестирање се исто така значително намалени. Времето на чекање за тестирање исто така е сведено на минимум, односно еден ден.

Министерството информира дека продолжува активно да тестира согласно индикациите на сите пунктови и во сите лаборатории, но и будно да ја следи состојбата се до целосно спласнување на епидемијата.

Досега во земјата се направени 17.246 тестови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1511, бројката на оздравени пациенти е 945, на починати е 84, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Медиумите да не ги снимаат и да не земаат изјави од повредените во Кочани, бара Министерството за здравство

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

Азир Алиу e нов министер за здравство

А1он

Работат со договор на дело по 10 години, сега немаат плата два месеци – протест во тетовската болница

Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани се во релативно тешка состојба

А1он