А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерство за култура: СДСМ со невистини се обидува да го девалвира значењето на Музејот

by А1он04/10/2013 - 17:34150
Share0

Министерството за култура најостро ги демантира, како што наведуваат оттаму, лагите и невистините кои деновиве се пласирани од страна на потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, кој изнесувајќи неточни податоци за изградбата на Музејот на македонската борба, на тенденциозен начин се обидува да ја манипулира јавноста.

Добивај вести на вибер

Сите склучени договори за изградбата на Музејот на македонската борба, посочуваат од Министерството за култура, беа презентирани и дадени на увид на јавноста во рамките на отчетот за проектот „Скопје 2014“. Музејот на македонската борба во изминатиот период беше посетен од страна на повеќе од 100.000 домашни и странски посетители и претставува еден од најрепрезентативните објекти во нашата земја.

– Социјал-демократскиот сојуз никогаш во своето владеење не изградил ништо, затоа нема јасна перцепција што значи да изградиш еден ваков репрезентативен објект. Жалиме што уште еднаш со изнесување на невистини, се обидувате да го девалвирате значењето на овој објект кој што на уникатен начин ја претставува македонската историја.Веруваме дека вие г. Манчевски сте го посетиле Музејот на македонската борба и имате јасна претстава за што зборувате. Но, доколку не сте биле, ние ве покануваме, заедно со кустос, да прошетате и да се запознаете со богатата македонската историја, стои во реакцијата на Министерството за култура.

dpmneskopje 2014

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:08

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Катерина Ѓуровски21/03/2026 - 13:11

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Катерина Ѓуровски18/03/2026 - 11:12

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски09/03/2026 - 12:0709/03/2026 - 12:07

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Катерина Ѓуровски01/03/2026 - 13:35
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто