Министерство за култура: СДСМ користи еден немил настан за дневно-политички цели

Од:

Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство преку соопштение изразуваат жалење што по неодамнешните изјави на СДСМ со кои ги дискредитираше уметниците и нивните уметнички потенцијали, на „просечни и анонимни, квалификувајќи ги нивните проекти како изветвени“, оваа политичка партија повторно прави маркетинг и користи еден немил настан за дневно-политички цели.

Денешното соопштение за јавност на СДСМ за наводната континуирана негрижа за културното наследство, стои во реакцијата на Министерството и Управата, е тенденциозно и е без никакви аргументи во согледувањето на фактите и состојбите во македонската култура.

Фактите и аргументите за постигнатото во заштитата на културното наследство во последните шест години, како што се наведува, се видливи и мерливи.

Сериозниот однос кон културното наследство на оваа Влада и на Министерството за култура е потврден со илјадници реализирани проекти од областа на заштитата на културното наследство, за разлика од времето на СДСМ кога овој сегмент, но и останатите од областа на културата, беа ставени буквално на маргините на државната политика, а археолошките наоѓалишта беа постојана мета на дивите копачи, стои во реакцијата.

Како што информиравме и вчера, посочуваат од Министерството, надлежната институција Завод и Музеј Прилеп и Управата за заштита на културното наследство веднаш пристапија кон изработка на проект за реконструкција и санација на манастирскиот комплекс Трескавец кој ќе биде готов за еден месец.

Оттаму сметаат дека е особено важно што црквата и трпезаријата кои потекнуваат од 13 и 14 век не се уништени во овој немил настан.

– Исто така на вчерашната седница, Владата веднаш додели еднократна помош за манастирот Трескавец. Да го потсетиме СДСМ дека во моментот, во Прилеп се работи и на реконструкција на конаците во манастрирот Свето Преображение Зрзе и реконструкција на конакот во манастирскиот комплекс Варош, а во завршна фаза е и проектот за реконструкција и санација на манастирот Св. Јован Бигорски. Воедно, Министерството за транспорт и врски започна и со изградбата на патот Трескавец-Прилеп, кој долги години не беше направен, од причини познати само на СДСМ. Несериозно е трагедии како што се опожарувањето на манастирскиот комплекс Трескавец или муралот на Борко Лазески да се ставаат во дневно-политички контекст и културата и наследството да се користат како инструменти за политички пресметки, стои во реакцијата на Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство.

Би можело да ве интересира

Археолошките истражувања на Трескавец го потврдуваат милениумското светилиште и како урбана населба

ВИДЕО: Спасени се две туристки од Полска кои паднале во пресек од карпа над провлија кај „Трескавец“

Мариово и Трескавец меѓу петте финалисти за најдобра европска филмска локација

Жарко Настоски

Манастирот Трескавец се обновува според предвидената динамика

Ана Ололовска

Се бараат доброволци за гаснење на пожарот кај Трескавец

Наум Локоски

ЦУК: Повторно е активен пожарот во близина на Трескавец

Наум Локоски