Министерство за култура: Не се менува фасадата на МОБ и Универзитетската библиотека

Од:

Министерството за култура најостро ги демантира паушалните и невистинити информации кои ги пласираа некои од медиумите и некои претставници на политички партии, а кои се однесуваат за наводна барокна промена на постоечките фасади на националните установи Македонска опера и балет и националната и универзитетска библиотека Свети Климент Охридски во Скопје, реагираат од Министерството за култура.

Напоменуваме и ја информираме македонската јавност дека станува збор за национални установи чии објекти се изградени според конкретни идејни решенија во втората половина на минатиот век и нивниот изглед е автентичен со тоа нема да има никаква промена на фасадите на овие објекти.

Министерството за култура континуирано вложува во унапредувањето на условите во сите установи од областа на културата, а меѓу многубројните проекти , во моментов во тек е целосната обнова на големата сала во Македонската опера и балет, како и проектот за реконструкција на објектот на НУБ „Свети Климент Охридски“, како и целосна обнова на читалните во оваа установа.

Министерството за култура како и досега, така и во иднина ќе продoлжи со постојаната грижа за унапредување на условите во кои фунционираат сите установи од областа на културата, се вели во демантот испратен од Министерството за култура откако во некои медиуми излезе веста дека освен ГТЦ, ќе се заменат и фасадите на МОБ и Универзитетската библиотка со барок.

Би можело да ве интересира

Министерство за култура и туризам: Меморандумот за разбирање со Британскиот совет е платформа за развој на културната економија

Над 3000 вработени во културата се без плата, од утре излегуваат на протести

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Министерство за култура: Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид

Концерт „Легендите живеат вечно“ во Македонска Филхармонија

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ