Министерски состанок за безбедносните закани во ЕУ и на Балканот

Од:

Илегалната миграција и терористичките и останатите безбедносни закани се главни теми на денешниот состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од средна и источна Европа, што се одржува во Варшава во организација на Вишевградската група (В4).

Покрај шеснаесетмината шефови на дипломатии, кои на маргините на средбата одржуваат и низ билатерални состаноци, на собирот улествува и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини. 

– Предизвиците со кои се соочуваат ЕУ и земјите од регионот се илегалната миграција, организираниот криминал, радикализацијата, тероризмот и хибридните закани, а соработката меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан се клучен одговор на тие предизвици, истакна претставничката на полското Министерство за надворешни работи, Јоана Вајда. 

Полска, која од 1 јуни претседава со четиричлената Вишеградска група, во која уште членуваат и Чешка, Унгарија и Словачка, на состанокот  ги повика и министрите од шест членки на ЕУ – Бугарија, Хрватска, Грција, Италија, Романија и Словенија, како и од земјите од Западен Балкан, кои имаат аспирации за членство во Унијата – Македонија, Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора, Србија и Косово.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза