Министерски состанок на Јадранската повелба во Скопје

Од:

Во рамки на македонското претседавање со САД – Јадранската повелба денеска во Скопје ќе се одржи состанок на Партнерската комисија на ниво на министри за надворешни работи.

Состанокот ќе ја одбележи 10-годишнината од потпишувањето на Повелбата, активностите на иницијативата во насока на зајакнување и промовирање на соработката, мирот и безбедноста, во функција на евроатланската интеграција на земјите од регионот и поддршката на САД.

На состанокот покрај министрите за надворешни работи и високите политички претставници на земјите членки на Јадранската повелба (Македонија, Хрватска, Албанија, Црна Гора и БиХ) ќе учествува и заменик помошникот на Државниот секретар на САД, Филип Рикер, а во својство на набљудувачи поканети се и министрите за надворешни работи на Косово и на Србија.

Согласно активностите предвидени со Акциониот план на македонското претседавање, на средбата ќе се дискутираат модалитетите за засилување на соработката меѓу А5 земјите во пресрет на следниот НАТО Самит, како и можностите за заедничка контрибуција во новата НАТО предводена мисија во Авганистан по 2014 година.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

САД се повлекува, Европа го презема кормилото на НАТО

Марк Руте: Мораме да им обезбедиме на Украинците сè за да ја продолжат борбата

А1он

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ