А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерот Тодоров на средби во универзитетот Колумбија

by А1он02/02/2013 - 09:47131
Share0

Министерот за здравство Никола Тодоров ја почна својата посета на САД со средби на универзитетот Колумбија во Њујорк. Како што информираат од неговиот кабинет, целта е да се разгледаат можностите за испраќање на македонски лекари специјалисти на обука во овој престижен универзитет.

Добивај вести на вибер

Министерството за здравство и Медицинскиот факултет во Скопје веќе имаат развиено соработка со Колумбија, каде предава и професорот со македонско потекло Горазд Росоклија.

Целта на посетата е оваа соработка да се прошири и да се забрза испраќањето на македонски лекари во САД. Од Министерството за здравство најавуваат дека проектот за полесно испраќање на македонските лекари на обука во САД е еден од највисоките приоритети на министерството.

По Њујорк, предвидено е министерот Тодоров да ги посети и Детроит, Хјустон, Вашингтон, Сиетл и Лос Анџелес. Целта на овие посети е утврдување или потпишување на меморандуми за соработка со универзитетски болници, со што ќе се овозможи престој и обука на македонски лекари.

Министерот Тодоров во Вашингтон ќе присуствува и на молитвениот појадок, кој се одржува на 7 февруари.

zdravstvo

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он05/12/2025 - 16:43

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски21/11/2025 - 11:5221/11/2025 - 13:43

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

Предраг Петровиќ17/11/2025 - 14:02

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски15/11/2025 - 12:2015/11/2025 - 12:27

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Катерина Ѓуровски11/11/2025 - 10:31

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Предраг Петровиќ26/09/2025 - 14:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен