Министерот Таравари е во добра состојба по вчерашниот колапс

Од:

Министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашниот колапс е во добра состојба во неговиот дом, потврдија денеска извори од Министерството за здравство.

– Министерот е во добра состојба, добар е, дома е, одмара. Тој е во најдобра можна состојба. Не е во болница, дома е. Вчера беше прво на Неврологија, па на Кардиологија, па во Рентген институтот и потоа си замина дома. Ги направивме сите можни анализи, сѐ е чисто, сѐ е добро. Просто е – премор, појаснија од Министерството за здравство.

На страницата на „Фејсбук“ на министерот беше објавено дека тој доживеал ненадеен колапс во текот на вчерашниот ден и бил однесен во болница. Објавата следуваше по гласини дека министерот доживеал срцев удар.

Би можело да ве интересира

Дали Мицкоски ќе продолжи да го штити Меџити од обвинувањата за 450 илјади евра провизија за „Скендербег“, прашува Алијанса на Таравари

Алијанса за Албанците: ВРЕДИ што поскоро да се повлече од оваа екстремна влада против Албанците

А1он

Таравари бара да се објават сите корисници на унгарскиот кредит

АА на Таравари определи четворица кандидати за градоначалници

Катерина Ѓуровски

АА: Таравари и Рамадани биле пречка за вработувањата во здравствениот систем

За Таравари ВРЕДИ се изгубени во орбитата на ВМРО-ДПМНЕ поради Законот за коцкање

Катерина Ѓуровски