Министерот Спасовски ги отвори Синдикалните игри и средби во Охрид

Од:

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги прогласи за отворени 14-ти по ред Синдикални игри и средби што во организација на Македонскиот полициски синдикат се одржуваат во Охрид. Од денеска до недела над 200 вработени во МВР и гостите од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Романија и Кипар ќе се натпреваруваат во фудбал, одбојка, пикадо, стрелаштво, шах и атлетика.

Во своето обраќање на отварањето на 14-ти по ред Синдикални игри и средби министерот Спасовски потенцира дека ваквите настани се многу корисни за воспоставување релации што можат да бидат од полза и на инивидуално и професионално ниво, но и на организационо ниво како синдикални асоцијации.

„Синдикалното организирање и дејствување се една од суштинските алки во институционалното, но и во севкупното системско почитување и остварување на социјалните и работнички права на граѓаните. Начело кое без исклучок мора да важи и за полицијата, иако сме свесни за специфичноста на оваа професија којашто е строго нормирана во поглед на правата и обврските на полицајците. Токму затоа и соработката на министерството со Македонскиот полициски синдикат е секогаш во интерес на вработените и е насочена кон заедничката цел – подобрување на условите за работа на вработените во МВР.Свесни сме дека проблеми во секојдневното работење има многу, но мојот пристап како министер и на раководството на министерството не е само да ги воочиме проблемите, туку и да најдеме решенија“, рече министерот Спасовски.

Тој потенцира дека е неприфатливо скоро една деценија да не се набавени нови униформи, чизми, чевли за полицајците.

„Неприфатливо е нерационалното трошење на буџетските средства на штета на полицијата. Опременоста на полицајците мора да биде на прво место. Затоа веќе почнавме постапка за набавка на 7000 комплети специјални чизми, чевли, кошули, панталони и здолништа, џемпери, капи и ремени. Во тек е и постапката за набавка на канцелариски материјал со кој ќе се опремат полициските станици во Ѓорче Петров и Јегуновце, како и Секторот за прекршоци и Секторот за странци на СВР Куманово. Набавивме над 400 компјутери кои ќе бидат распоредени по полициските станици, а наредниот месец ќе бидат набавени и над 40 нови возила“, рече министерот Спасовски.

Инвестициите во условите за работа се еден од неколкуте приоритети на министерството и тие нема да застанат само на овие набавки.

„Секако, за да ги донесеме правилните одлуки нас ни треба и искрена и професионална соработка со организираните синдикални здуженија. Македонскиот полициски синдикат го сметаме за партнер кој има одговорност да ги застапува интересите на вработените во полицијата, но и заедно со раководството да понуди одржливи решенија за надминување на проблемите. Јас сум отворен за заедничка соработка која ја сметам како вложување во полицијата. Свесни сме дека полициската работа е одговорна, сложена, но за жал честопати, животозагрозувачка. Многу наши колеги ги дадоа животите извршувајќи ги своите работни задачи, бранејќи ја сигурноста и мирот на граѓаните, безбедноста на државата. Жалиме за загубата и им оддаваме почит за нивниот влог во нашата иднина. И затоа е многу важно да се потсетиме дека синдикалното здружување значи и солидарност и меѓусебна поддршка“, рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски им посака на натпреварувачите успех и многу спортска среќа во натпреварите.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице