Министерот Спасовски апелира на мирен протест пред Собранието на Македонија

Од:

И денеска како и сите изминати денови откако почнаа ненајавените протести, упатувам апел за практикување на мирен протест како дел од дијалогот, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

Тој наведува дека дијалогот продолжува на денешните собраниски седници на кои е најавено обраќање на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и на кои ќе се расправа за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската Унија, предложена од страна на Претседателството на Франција на 30 јуни 2022 година.

Иако ниту вечерашниот, ниту протестите во изминативе неколку дена не беа уредно пријавени, наспроти неодговорноста на организаторите, пишува Спасовски, повикувам на свесност и одговорност во постапките.

– Почитувани граѓани, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, сите граѓани на Република Северна Македонија, Ве уверувам, македонската полиција останува на нивото на својата задача во заштитата на уставно загарантираното право на протест на граѓаните и, секако, на безбедноста на институциите и граѓаните, напиша Спасовски на Фејсбук.

Би можело да ве интересира

Од 549 нови полицајци, помалку од 40 Албанци, од 30 наградени, само еден Албанец, реагира ДУИ

Проблемот со здравственото осигурување во МВР повторно е поради вратени вработени со судски одлуки, објаснуваат од Фондот

Катерина Ѓуровски

Вработените во МВР повторно немаат здравствено осигурување

Катерина Ѓуровски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Претрес во куќата на екс министерот за полиција во Словенија – има сомнежи дека соработувал со Кавачкиот клан

А1он

МВР вработува 150 полицајци