Министерот Сарачини на министерска конференција во Тирана

Од:

Определбата на Република Македонија да ја зајакне соработката со земјите од Југоисточна Европа, за побрз економски развој и поквалитетен живот на своите граѓани, ја изнесе министерот за економија Ваљон Сарачини на конференција во Тирана организирана од Владата на Република Албанија и Советот за регионална соработка, како копретседавачи на Комитетот за инвестиции на ЈИЕ.

– Со усвојувањето на Стратегијата ЈИЕ 2020, заради која сме собрани денеска овде, се отвораат нови можности за сите нас, во насока на поврзување на регионалните инцијативи со активностите на ЕУ и за создавање интервентна рамка за повеќекорисничката ИПА и другите заинтересирани донатори. Оваа Стратегија, која претставува чекор понапред во унапредување на економскиот развој и интеграција во Европската Унија, се базира на интегриран раст, паметен, инклузивен и одржлив развој и управување за раст, конзистентно со стратешките потреби на регионот, истакна Сарачини додавајќи дека на патот кон евро-атланските интеграции неопходно е истовремено да се следат и економските цели и стратегии на земјите од регионот, Европската Унија и пошироко.

Министерот Сарачини на конференцијата ги презентираше мерките и реформите кои како земја ги презема Република Македонија за економски развој, насочени кон подобрување на деловното опкружување, зголемување на конкурентноста на претпријатијата, зголемување на инвестициите во знаење и технологија, подигнување на квалитетот на работната сила, привлекување странски и домашни инвестиции, поголема транспарентност во работата и решителна борба против корупцијата, стабилни макроекономски и фискални политики, даночна и царинска политика.

– Кон тоа говори и најновиот Извештај Дуинг Бизнис на Светска банка за 2012/13 година, според кој Република Македонија е на 23. место од вкупно 185 земји и е петти реформатор во светски рамки, во периодот од 2005 до 2012 година, со 30 спроведени реформи, а рангирана е на 80. место, според Извештајот за глобална конкурентност 2012-2013 година од Светскиот економски форум СЕФ и тоа во услови кога сите земји од регионот покажуваат намалување на сопственото рангирање, нагласи Сарачини.

Според Сарачини, министерската декларација која е денеска усвоена од сите економски министри од земјите од ЈИЕ, е само дел од заедничките стратегии кои ќе помогнат со заеднички сили да се насочат сите земји во надминување на негативните економски текови, што се резултат од светската финансиска и европската должничка криза, а за нејзино успешно имплементирање треба сите да се обврзат дека на регионално и на национално ниво ќе ги следат нејзините поставени цели и индикатори.

– Уверен сум дека оваа министерска декларација ќе придонесе да ја утврдиме заедничката Регионална стратегија за економски развој за периодот до 2020 година и ќе создадеме услови сите граѓани да живеат поквалитетно – што е наша заедничка определба, изјави Сарачини.

Министерската конференција беше насочена кон визијата за развој на земјите од ЈИЕ, согласно определбите на Стратегијата ЈИЕ 2020, која претставува пандан на Стратегијата Европа 2020.

Конференцијата се одржува во рамки на 6. Состанок на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА и на министерската конференција на Комитетот за инвестиции, во рамки на Регионалниот совет за соработка во Тирана.

На состанокот на ЦЕФТА вчера беа усвоени заклучоци во насока на продлабочена соработка меѓу земјите членки на ЦЕФТА, а со цел амортизирање на негативните влијанија од економската криза. Меѓу нив се натамошна либерализација во трговијата со услуги, продолжување на процесот на либерализација во земјоделскиот сектор за земјите кои се уште применуваат квоти, имплементација на Проектот за мултилатералната мониторинг рамка за елиминирање на нетарифните бариери, за трговска логистика и надзор на пазарот, во соработка со ОЕЦД и Светска Банка, потребата од склучување договори за меѓусебно признавање на резултатите од тестирањето на производите, натамошно олеснување на царинските процедури, континуирано ажурирање на Трговскиот веб портал на ЦЕФТА, почитување на трговијата без граници и без ограничувања, изнаоѓање начини за примена на дијагоналната кумулација на земјите членки, акцентирање на преговорите со ЕК во рамки на ССА за пристапување на Република Хрватска во ЕУ и назначување на Република Албанија за депозитар на ЦЕФТА.

Би можело да ве интересира

Влада: Одлука за кадровското решение во ЦУК на наредната седница

Студентите и вработените на ФИНКИ на протест пред Владата

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Над 2.500 земјоделски и прехранбени производи се очекува да поевтинат со новиот закон за нефер трговски практики

Орце Костов

Тошковски за поништувањето на неговите наредби: Во влада се тотално неинформирани, како не им е срам

Орце Костов

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов