Министерот Попоски во посета на Црна Гора

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во официјална посета на Црна Гора на покана на потпретседателот и министер за надворешни работи и европски интеграции на Црна Гора, Игор Лукшиќ.

Како што соопшти МНР, посетата е во контекст на одличните билатерални односи меѓу двете земји и има за цел да даде дополнителен импулс за развивање на соработката во стопанството и економијата.

За време на посетата, покрај со својот домаќин Лукшиќ, предвидено е министерот Попоски да оствари средби со целокупниот државен врв на Црна Гора, а воедно и да одржи предавање на тема „Европските интеграции на Република Македонија и Западен Балкан“ на Правниот факултет при Државниот универзитет на Црна Гора.

На средбите е предвидено да се дискутира за билатералната соработка  со акцент на економијата, туризмот и странските инвестиции, но се очекува да се направи осврт на регионалната соработка и соработката на двете земји во контекст на интеграцијата во Европската Унија и НАТО Алијансата.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов