Министерот Попоски се сретна со амбасадорите на ОБСЕ од Виена

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, денеска се сретна со група амбасадори акредитирани при ОБСЕ во Виена, кои престојуваат во посета на Република Македонија во рамки на регионалната турнеа.

На средбата, информира МНР, министерот Попоски ја истакна одличната соработка со Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и генерално со Организацијата и нејзините институции.

– Особено беше посочена интензивната соработката на Владата со Канцеларијата на претставникот за слобода на медиумите на ОБСЕ, во однос на изработката на предлог Законите за медиуми и аудиовизуелни услуги. Имплементацијата на Охридскиот договор, како и имплементацијата на Стратегијата за интегрирано образование беа исто така посочена како една од приоритетните области на соработка со ОБСЕ, се вели во соопштението од МНР.

Во однос на проектните активности на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија согласно нејзиниот мандат, министерот Попоски истакна дека тие се во насока на исполнување на нашите европски аспирации. Република Македонија очекува тие да се намалуваат согласно реализацијата на заедничките проекти и процесот на постигнатите реформи. Во тој контекст, беше нагласено и очекувањето за затворање на единствената теренска канцеларија на ОБСЕ во Тетово.

Воедно, министерот Попоски информираше и за аспирациите за членство во ЕУ и во НАТО, посочувајќи ги конкретните резултати на Пристапниот дијалог на високо ниво, имплементацијата на политичкиот дијалог и потпишувањето на Извештајот од 24 декември, за посетата на медијаторот Нимиц и разговорите кои се водат околу името, како и за односите на Република Македонија со соседите, истакнувајќи дека за нас градењето на мостови и добрососедска соработка е од витален интерес.

Би можело да ве интересира

МНР: Сиљановска Давкова да внимава на политичкиот дијалог со Грција

Орце Костов

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов