Министерот Попоски на Самит во Конго

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, како   шеф на делегацијата на Република Македонија учествува на  14.Самит на Франкофонијата што се одржува во Киншаса, Демократска Република Конго.

На Самитот министерот Попоски ќе има свое обраќање во рамките на годинешната тема на Самитот – „Франкфонијата, еколошки и економски предизвици со кои се соочува глобалното владеење “.

На маргините на Самитот министерот Попоски, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе оствари повеќе билатерални средби, меѓу кои, со домаќинот, претседателот на ДР Конго Жозеф Кабила, со генералниот секретар на Меѓународната организација на Франкофонијата Абду Диоуф,  со генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова и други.

Би можело да ве интересира

Конго: Бројот на потврдени случаи на ебола се искачи на 956

Бројот на лица за кои постои сомневање дека се заразени со ебола се зголеми на 1.028

„Ајдинлик“: НАТО влегува во самитот во Анкара со сериозни поделби

Почина писателот, професор и преведувач Георги Сталев Поповски

Блумберг: Зеленски утре ќе присуствува на самитот на ЕУ во Брисел

(ВИДЕО) Избувна голем пожар во Сината зона на самитот за климата COP30 во Бразил