Министерот Попоски на Глобалниот безбедносен форум “ГЛОБСЕЦ” во Братислава

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на Глобалниот безбедносен форум “ГЛОБСЕЦ“ што се одржува во Братислава од денеска до 20 април, во организација на Словачката атлантска комисија и Атлантскиот совет на САД.

Како што соопшти МНР, Глобалниот безбедносен форум “ГЛОБСЕЦ“ се смета за еден од водечките форуми за надворешна политика и безбедност во Централна Европа. Со учество на околу 500-тини учесници од повеќе од 40 земји, Форумот преку централно-европската призма ја заокружува стратешката дебата што ја дефинира трансатлантската надворешно политичка и безбедносна агенда.

Во фокусот на годинешниот ГЛОБСЕЦ Форум ќе бидат прашања што се централни за трансатлантската и регионалната соработка. Говорниците ќе дискутираат за иднината на НАТО, новиот институционален дизајн на ЕУ и глобалната економска криза.

Панелистите, исто така, ќе бидат ангажирани во дебати за карактерот на централно-европската соработка во областа на одбраната и енергетиката. Од останатите актуелни теми што ќе се дискутираат на ГЛОБСЕЦ се издвојуваат: „Нуклеарните амбиции на Иран“, „Идната улога на Европа во Азија“, како и „Предизвиците на европскиот југоисточен праг“.

Министерот Никола Попоски е предвидено да се обрати на панелот на тема „Ре–енергизација на проширувањето на ЕУ во Западниот Балкан“, кој ќе се одржи на 19 април. Учество на овој панел ќе земат Комесарот за проширување при ЕК Штефан Филе, министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај, поранешниот премиер на Словачката Република, Микулаш Зуринда, како и истакнати претставници на невладиниот сектор од регионот.

Министерот Попоски ќе учествува и на гала-вечерата на тема „Иднината на ЕУ–централно европска визија“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов