Министерот Милевски во посета на Битола: Цел ни е да ги подобруваме состојбите и затоа директно помагаме

Од:

Министерот за локална самоуправа Горан Милевски во придружба на битолската градоначалничка Наташа Петровска денеска изврши увид на проектите кои се реализираат во Општина Битола и најави нови соработки со Пелагонискиот плански регион.

Според министерот Милевски, благодарение на форумите со граѓаните и предлозите иницирани низ заеднички средби реализирани се конкретни проекти.

– Во градскиот парк е изградено детско катче, проект за кој Општината овозможи и изработи проектна и техничка документација, а Министерство за локална самоуправа и Швајцарската развојна агенција обезбедија финансиска поддршка од 4,6 милиони денари, со што се изгради пријатно катче за сите деца, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби. Вториот проект го реализираме во националниот парк Пелистер, кај местото викано Голема Ливада, каде се гради авантуристички детски парк за што се обезбедени два милиони денари, истакна министерот Милевски.

За време на посетата во Општина Битола министерот Милевски учествуваше и на седница на Советот за развој на Пелагонискиот плански регион и ги информира градоначалниците за новините што ги содржат правилниците на проектни апликации.

– Измените во правилниците се во функција на поголема вклученост на граѓаните, невладините организации и институциите во изработката на проектите, како и утврдување на приоритети. Нашата цел е да ги подобруваме состојбите и затоа директно помагаме, нагласи Милевски.

На заедничка прес-конференција со Милевски, градоначалничката Наташа Петровска изјави дека Општина Битола за развој на потпелистерието вложи 64 милиони денари, а 50 отсто од инвестициите се реализирани.

– Општинските средства се насочени за колекторскиот систем и пречистителна станица, а со денешниот ребаланс на општинскиот буџет обезбедивме средства за патниот правец на местото викано Црвени Петли до селата Трново и Магарево, со што ќе се подобри патната инфраструктура. Наскоро почнуваат градежните работи за потпелистерското село Дихово, со што слободно ќе речам од подножјето на планината се движиме кон врвовите со изградена комунална инфраструктура, затоа што планината е на граѓаните, изјави Петровска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски

Лажен лекар од лековерна битолчанка зема 27,000 евра, жртвата касно дозна дека е измамена

Горан Наумовски

Битола добива нов голем хотелски комплекс

Предраг Петровиќ

Обвинителство: Нова истрага за злоупотреби во РЕК Битола, кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби

Горан Наумовски

Македонската филхармонија ќе гостува во Битола

Горан Наумовски