Министерот Јолевски во работна посета на Полска

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски заедно со делегација од Министерството и од Армијата на Република Македонија, од денеска ќе престојува во неколкудневна работна посета на Република Полска.

Во рамки на посетата, министерот Јолевски ќе оствари средба со неговиот колега, министерот за одбрана на Полска Томас Сиемонијак.

Како што соопшти Министерството за одбрана, како дел од посетата, министерот Јолевски ќе оствари средби и со претседателот на Комисијата за национална одбрана во Парламентот на Полска Стефан Ниесиоловски, челниците на Националното биро за безбедност, ректорот на Националниот одбранбен универзитет полковникот Дариус Козеравски, а ќе ги посети и Оперативната команда, Полскиот одбранбен холдинг и воените производствени капацитети.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мисајловски најави забрзана модернизација на одбраната во 2026 година

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време