Министерот Јашари се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ, Ралф Брет

Од:

Министерот за правда Аднан Јашари денеска имаше  работна средба со амбасадорот Ралф Брет, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, на која станало збор за досегашната соработка и  плановите за оваа година.

Како што информира Министерството за правда, Јашари го информирал Брет за досегашните  и тековните активности  на Министерството за правда. Амбасадорот  Брет пак истакнал дека и  во иднина очекува добра соработка со Министерството за правда во некои активности, дури и со забрзано темпо.

Искажувајќи благодарност за досегашната соработка, министерот Јашари изразил надеж дека и во иднина ќе продолжи помошта и асистенцијата во законските акти од мисијата на ОБСЕ во Скопје. 

Би можело да ве интересира

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на пензиското и инвалидското осигурување, Комората на извршители и Министерството за правда

Левица: ОБСЕ нотира цензура кон Левица во предизборниот период

Предраг Петровиќ

Потпишан е Меморандум за брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија

Левица: ОБСЕ ја истражува цензурата врз партијата

Филков: Без независно судство, правдата станува недостижна, а довербата на граѓаните се разнишува

Ефтимов: Кој ќе се огреши пред законот и Уставот ќе одговара