Министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири денеска имаше работна средба со советникот на кралот на Саудиска Арабија за урбанизам, планирање и заштита на животната средина, Абдула Бохари, координаторот на IRCICA за Турција, Џингис Томар, генералниот менаџер на фондацијата Ал-Турат, Саудиска Арабија, Осамах М. Н. Ал-Гохари и професорот на универзитететот за урбанизам и архитектура од Сараево и координатор на IRCICA за Европа, Амир Пашиќ.
На средбата беа разгледани идеите за можна соработка во областа на животната средина меѓу Саудиска Арабија и Република Македонија, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.
На средбата биле разменети искуства од досегашните и тековните проекти од областа животна средина, со уверување дека ќе ги интензивираат иницијативите за долга и плодна соработката и остварување квалитетна координација на полето на заштита на животната средина.