Министерот Филипче се сретна со полскиот амбасадор Мултановски

Од:

Унапредување на меѓусебната соработка меѓу Република Македонија и Република Полска во областа на здравствениот систем, била тема на средбата на министерот за здравство Венко Филипче со полскиот амбасадор Јацек Мултановски.

Министерството за здравство на својата веб страница објави дека полскиот амбасадор Мултановски се интересирал за состојбите во македонското здравство, како и за можностите за подобрување и за унапредување на јавниот здравствен систем.

На средбата се разговарало и за развивање медицинскиот туризам во Република Македонија, како и за доаѓање полски државјани во земјава за медицински цели.

Министерот Филипче ја истакнал важноста на размената на знаења, експерти и зајакнување на капацитетите во здравствениот систем за што билатералните соработки со Република Полска се од големо значење.

Во следниот период, како што посочуваат од Министерството, се очекува зајакнување на капацитетите со помош на фондови од Европската унија, наменети за здравствениот сектор.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!