А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Министерот Филипче е негативен на коронавирус

by А1он23/04/2020 - 21:2023/04/2020 - 21:22529
Share0

Министерството за здравство информира дека резултатот од тестирањето за КОВИД-19 на министерот за здравство Венко Филипче е негативен.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според проценката на епидемиолозите, министерот Филипче не беше во ризик, но сепак тој одлучи да остане во самоизолација.

„Негативниот резултат го добивам на осмиот ден од самоизолацијата во која останувам до истекот на инкубациониот период од 14 дена.

Сите мои активности и управувањето со кризата со коронавирусот во земјата и во изминатата недела се одвиваат непречено. Редовно одржувам он-лајн состаноци со Комисијата за заразни болести, моите колеги, институциите, медиумите и владата и така ќе биде и во наредната недела.

Следете a1on на Youtube YouTube

Им благодарам на сите граѓани на поддршката и во оваа прилика уште еднаш потсетувам дека личната одговорност е предуслов за колективното здравје.

Почитувањето на мерките досега покажа резултати. Ако останеме доследни на ова и се прилагодиме кон промените, многу побрзо ќе ја надминеме оваа состојба“, изјави министерот Филипче.

koronavirus mkdvenko filipce

Би можело да ве интересира

Филипче: Во Буџетот нема пари за зголемување на платите – нема развој, само долгови и камати

Катерина Ѓуровски16/11/2026 - 12:34

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски14/11/2026 - 14:3014/11/2026 - 14:38

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

Катерина Ѓуровски11/11/2026 - 13:02

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски11/11/2026 - 11:25

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

Катерина Ѓуровски10/11/2026 - 11:56

ВИДЕО: Дуел на Мицкоски и Филипче на пратенички прашања

Катерина Ѓуровски29/10/2026 - 12:4029/10/2026 - 12:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео