Министерот Фазлиу на регионална конференција за територијална соработка во Тирана

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу денеска говореше на регионалната конференција “Територијалната соработка, нова перспектива за интеграција” што се одржа во Тирана, во организација на Министерството за Европа и надворешни работи на Република Албанија.

Во своето обраќање министерот Фазлиу истакна дека зад нас е значаен процес, во текот на кој ги идентификувавме приоритетите во подготовка на заедничките оперативни програми, објавувањето на повиците, оценувањето на предлог проектите и надзор на проектите во фаза на нивната реализација, како и завршувањето на еден едно поглавје и почеток на друго со исто толкава важност и посветеност. Тој истакна дека територијалната соработка преставува позитивна иницијатива која носи нови вредности.

-Настојуваме да воспоставиме добрососедски односи, соработка и толеранција кај населението во пограничните области, со што се создаваат нови идеи и размена на искуства. Овие цели се особено важни за нашиот балкански регион, истакна Фазлиу.

На крајот, министерот Фазлиу изрази надеж дека преку размена на информации и добри практики помеѓу оперативните структури ќе ги скратиме нашите напори во изнаоѓањето на поефективна пракса за реализација на заедничките програми и цели.

На Конференцијата пред присутните зборуваа министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, г-дин. Дитмир Бушати и амбасадорката на Европската унија во Албанија г-ѓа. Влахутин кои ја нагласија важноста на територијалната соработка и другите можности за соработка во Западен Балкан со поддршка на Европската унија (ИПА предпристапен инструмент).

Би можело да ве интересира

Албанија го прогласи Иран за спонзор на тероризмот

(ВИДЕО) Насилни протести во Албанија: Пиротехника, но и Молотови коктели се фрлаа кон зградата на владата

Горан Наумовски

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Албанска актерка ја тужи Владата во Тирана за кражба на нејзиното лице и глас за создавање „виртуелна министерка“

А1он

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски