Министерот Џафери на состанок на Северноатлантскиот совет

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери, ќе учествува и ќе се обрати на состанокот на министрите за одбрана на Северноатлантскиот совет на Алијансата со земјите кои не се дел од НАТО, а придонесуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан.

На состанокот ќе се разгледа безбедносната ситуација и процесот на транзиција во Авганистан, а ќе стане збор и за новата мисија на НАТО за менторирање по 2014 година, „Одлучна поддршка“.

На состанокот ќе присуствуваат и министерот за одбрана на Авганистан, Басмила Кан Мохамади, високиот претставник на ЕУ, Кетрин Ештон и специјалниот претставник на Генералниот секретар на ООН, Јан Кубиш.

Би можело да ве интересира

Финска го отфрли наводното руско барање за напуштање на НАТО

Москва не се откажува од барањата од 2021 година: НАТО да се врати на границите од 1997 година

Москва предлага пакт со НАТО

Авиони на НАТО двапати се обидоа да соборат беспилотно летало над Литванија, но не успеаја

САД, Украина и Русија подготвуваат конкретни предлози за трилатерални преговори

Москва: НАТО го претера со воените активности покрај руските граници